fbpx
ВестиТоп вести

„Зелена берза“  присуствуваше на „Преспански јаболкобер“

На манифеставијата во Ресен „Преспански јаболкобер“ присуствуваше и дел од редакцијата на „Зелена берза“. На штандот на списанието посетителите имаа можност да добијат бесплатен примерок од последниот број на „Зелена берза“, а воедно и да се запознаат со неговата работа. Исто така овоштарите од Преспа имаа можност да се запознаат со условите за зачленување во здружението  како и од бенефитите што  ги имаат од зачленувањето.

 

Штандот беше многу посетен, а интересот за списанието толку голем што за многу краток период се потрошија сите примероци од списанието.

 

Во „Зелена берза“ се обработуваат теми од областа на земјоделството, како и проблеми на кои укажуваат земјоделците а не можат да ги решат. „Зелена берза“ со помош на нашиот најголем спонзор Синпекс е присутна во домовите на сите земјоделци што сакаат да го читаат.

 

Наскоро започнуваме соработка со Тв канал 5 така што преку емисијата „Бразди“  на  Игор Манасиевски земјоделците ќе имаат можност да се информираат за најновите содржини што ќе бидат објавени во списанието.

 

Во рамки на рубриката „Прашај ја Зелена берза“ сите земјоделци може да ни пишуваат и да поставуваат прашања за теми што нив ги интересира, а редакцијата како што ќе ги дознава одговорите и ќе ги објавува.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close