fbpx
ВестиТоп вести

Граѓаните се плашат да купуваат свинско, бараат декларација

Месарниците се жалат дека по појавата на болеста африканска чума кај свињите многу им се намалила потрошувачката на свинско месо. Граѓаните се плашат да купуваат свинско месо и сè почесто бараат декларација за разлика од порано кога воопшто или многу ретко бараа доказ за тоа од каде е месото, кога е донесено во месарницата..

Пад на побарувачката на свежо свинско месо по месарниците во државава. Граѓаните поради африканската свинска чума немаат доверба во здравствената исправност на свинското месо. Со воведувањето на забраната за увоз на свинско месо и преработки од Србија, пак се намали и побарувачката на сувомесните производи. И покрај тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство уверуваат дека во државата нема свинска чума и оти свежото свинско месо е здравствено исправно, граѓаните избегнуваат да купуваат свинско.
Месарниците се жалат дека откако се појави болеста африканска чума кај свињите многу им се намалила потрошувачката на свинско месо. Граѓаните се плашат да купуваат свинско месо кое летово го заменија со пилешко, а потрошувачката на јунешко и телешко е иста како и претходно.
-Постои страв кај муштериите, велат дека купуваат за нив и за нивните деца и затоа прашуваат од каде е месото, кога е заклана свињата, дали се работи за домашно одгледувана свиња или од фарма. Сега многу често бараат декларација за месото за разлика од порано кога воопшто или многу ретко бараа доказ за тоа од каде е месото, кога е донесено во месарницата итн., вели за весникот ВЕЧЕР месарот Аце од една скопска месарница.
Тој информира дека има најави дека деновиве и кај нас ќе се покачи цената на свежото свинско месо. Со тоа се реализираа најавите на Асоцијацијата на производители на свинско месо од Бугарија од каде што најавија дека наскоро се очекува дпастично зголемување на цените на Балканот, бидејќи тие се зависни од увоз на суровина на свинско месо кое се користи во преработувачката индустрија, а ова ќе значи и повисоки цени на сувомесните производи. Во Европа цените на свинското веќе се зголемија за 20 до 30 отсто.
Од друга страна, зголемувањето на цената на свинското е спротивно на пазарната логика, според која кога има помала побарувачка цените паѓаат.
И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски претходно најави дека поради намалената побарувачка за ова месо не нè очекува некое драстично зголемување на цената на свежо свинското месо.
-Не очекуваме некое поголемо зголемување на цената, бидејќи кога има вакви болести потрошувачите се резервирани и доаѓа до опаѓање на потрошувачката на свинско месо, изјави министерот Димковски и додаде дека свинското месо во државата е безбедно за употреба.
И во делчевските месарници деновиве е намалена потрошувачката на свинско месо. Во овие месарници најчести купувачи се бугарските потрошувачи кои сè помалку купуваат свинско месо поради зајакнатата контрола на граничниот премин и неможноста да го внесат во нивната земја.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close