fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Зелени шеги 

карикатурист: Блаже Докуле

Овците треба да се заштитат, ама не сo волчји закони.

**

Европа не им нуди спас на сите македонски земјоделци од објективни причини. Не сакаат сите да станат гастарбајтери.

**

Може и волкот да биде сит, и овците да се на број. Ама онаму кај што волците се вегетаријанци.

**

Земјоделците можат да ги заштитат своите култури со аларми за штетници. За жал, алармите не реагираат на накупците.

**

Парадокс: најголеми субвенцииземаат оние што садат тикви со ѓаволот.

**

На комшијата никако да му тргне овоштарството. За него сите жени се забрането овошје.

**

Македонска работа: што и да посадиме, ние на крај ќе го обереме бостанот.

**

Велат какаото го подобрува  помнењето. Лажат, секој ден го пијам и никако да се сетам кога последен пат сум земал субвенции.

**

Велат време е земјоделците да престаната да се жалат. Значи ли тоа дека треба да почнат да кукаат?

 

автор:  Миле Ѓорѓијоски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close