fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Зелките седат на ниви или во камиони, ни по 8 денари нема кој да ги купи

Ние вообичаено работиме за да ги богатиме трговците. Разликата меѓу нашата цена и онаа во трговијата секогаш е неоправдано голема – вели Велков и забележува дека нема извоз на зелката.

Социјалните мрежи вријат од поплаките на земјоделците околу пласманот на пролетната зелка. Тие споделуваат како зелката стасана за барење седи на нивите, затоа што нема што да ѝ прават, покрај парите и трудот што ги вложиле. Земјоделците особено се загрижени од посилните дождови, кои се добредојдени за културите што се во екот на растот, но не се благодарни за веќе стасаните производи за берба, објави https://www.slobodenpecat.mk/

Во Скопје, на зелените пазари младата зелка може да се најде по 25 до 30 денари, а во маркетите за над 30 денари, па и 38 денари. Сепак, пазарите не може да го апсорбираат целото производство.

Ристо Велков, претседател на Агросојуз од Струмица, вели дека веќе два дена неговата зелка стои натоварена во камини, но дека купувачи нема ниту за 8 денари по килограм.

– Ние вообичаено работиме за да ги богатиме трговците. Разликата меѓу нашата цена и онаа во трговијата секогаш е неоправдано голема – вели Велков и забележува дека нема извоз на зелката.

Од Министерството за земјоделство велат дека високите пролетни температури, во еден дел, направија нарушување на пазарот и пласманот на пролетната зелка, што резултираше со негативно движење на пазарните цени, предизвикувајќи загуби на земјоделците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close