fbpx
Вести

Пчеларството може да биде сериозен бизнис

pcela

Пчеларството во Македонија може да биде сериозен бизнис, велат експертите. Потенцијал и природни услови има доволно, но производството на мед кај нас не е на посакуваното ниво. Постојат многу технички недостатоци и нема координираност со земјоделските производители.

Пчеларството економски ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор.

Според експертите, потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење.

Заболувањето на пчелите е инцидентно, но поради интензивното и нестручно лекување поголема е можноста за добивање мед со недозволени остстоци од хемиските средства.

Недостасува и поголема соработка меѓу пчеларите и земјоделците за тајмингот на третирање на растенијата и овоштарниците со пестициди.

Последици сѐ повеќе се е чувствуваат и од сѐ поголемото и сѐ по интензивно користењена  средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close