Земјоделците најмногу аплицираат за добивање средства од ИПАРД 2 за кпување на трактори и друга механизација
ИПАРД 2 програмата скроена по мерка на агробизнисмените. Индивидуалните земјоделци до сега најмногу интерес покажале само за купување на трактори и приклучна земјоделска механизација.
– За жал секогаш најголемиот интерес е кај тракторите и овде во тој дел нешто мора да се менува, во навиките на луѓето, во сфаќањата на производството, каде тракторот не треба да се смета за основна инвестиција. Може да се користи и друг половен трактор, а да се инвестира во нова опрема.
Проблем при аплицирањето имаат пред се во делот на нерешени имотно правни односи, недостаток на урбанистички планови и инфраструктура, што се основни елементи на проектната документација. Од друга страна, критериумите на ИПАРД агрокомпаниите во целост ги исполнуваат, а имаат и олеснување во делот на добивање на градежна дозвола и по потпишувањето на договрот за користење на средствата.
– Со ИПАРД-от се помага на компаниите да достигнат некое ниво кое што ќе биде соодветно да може да се припремиме за влез во ЕУ. Да добиеме соодветни стандарди и врз база на нив да можеме да продаваме на европските пазари.
Во ИПАРД 2 се предвидени и средства за инвестиции во обновливи извори на енергија, но условите за аплицирање се мошне тешки, потребна е обемна документација, а зависи и од цената на струјата која треба да ја прифати електродистрибутивната мрежа.