fbpx
Вести

Земјоделците почнаа да си ги осигуруваат посевите

Раст од 60 отсто на земјоделското осигурување од почетокот на годината. Земјоделците кои во изминатите години многу ретко ги осигуруваа своите посеви од временски непогоди, веќе почнаа да купуваат полиси за осигурување. После големиот пад на земјоделското осигурување во 2016 и 2017 година, бројките на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) во првата половина од годинава покажуваат драстичен раст.

Според АСО, иако државата изминатите години директно ги обештетуваше земјоделците чии посеви беа уништени од невреме, довербата на земјоделците кон осигурителните друштва расте. Тоа е велат поради брзата и фер исплата на штети.

„Ние знаеме дека последните две години владите испраќаат порака дека ќе вршат директно обештетување на земјоделците. Свесни сме дека глобалните климатски промени се почесто се случуваат и неповолно влијаат врз приносите и земјоделските култури. Искуствата кажуваат дека друштвата за осигурувања се тие што можат да исплатат фер исплата и брза исплата на штети“, рече Климе Попоски, Агенција за супервизија на осигурувањето.

Податоците на АСО покажуваат раст на осигурителниот бизнис во првите шест месеци од годината за 6,3 отсто. Вкупните премии во неживотното осигурување пораснале за 5 отсто, додека кај животното осигурување растот е 14 отсто.

 


 

alsat

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close