fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците стравуваат за извозот на овошјето – „Ова е шанса за пренасочување на извозот кон европските пазари“

Земјоделците беа исплашени од поскапувањето на репроматеријалите, ѓубривата, заштитените средства на почетокот на годината кои се уште се високи, освен тој страв сега имаат и страв за продажбата на своите земјоделски прозиводи, вели Васка Мојсовска претседателка на Националната федерација на фармери.

Земјоделците стравуваат дека овошјето и зеленчукот кои со години ги извезувале во Русија, Украина и Белорусија годинава ќе им останат на нива. Велат дека периодов треба да се сретнат со ресорниот министер и да разговараат на оваа тема.

-Земјоделците беа исплашени од поскапувањето на репроматеријалите, ѓубривата, заштитените средства на почетокот на годината кои се уште се високи, освен тој страв сега имаат и страв за продажбата на своите земјоделски прозиводи, вели Васка Мојсовска претседателка на Националната федерација на фармери.

Економскитот аналитичар Бранимир Јовановиќ вели дека нема простор за паника, бидејќи ова е шанса извозот да се пренасочи кон европските пазари.

-Тое е повеќе шанса отколку опасност за Македонија. Намалениот извоз во Русија ќе биде помал проблем, од тоа што ќе се направи простор во европските земји да се увезува храна. Таа дупка што ќе се јави на европскиот пазар е многу поголема шанса за македонските производи отколку што е закана за извозот во Русија, вели Јовановиќ.Во Македонија на рускиот пазар биле извезени 34 илјади тони свеж зеленчук и овошје и тоа во 2019-та годината кога имаше времена забрана за увоз на македонски прозиводи.https://mk.tv21.tv/zemjodeltsite-stravuvaat-za-izvozot-na-ovoshjeto-ova-e-shansa-za-prenasochuvane-na-izvozot-kon-evropskite-pazari/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close