fbpx
Вести

Земјоделците во штипско и карбинско доцнат со есенската сеидба

Земјоделците во штипско и карбинско доцнат со есенската сеидба. Сушата ги спречи да ги подготват нивите за сеидба на јачменот. Од планираните 2.500 хектари со оваа житна култура, реализирани се само 5% во септември.

zemjodelcite vo shtipsko i karbinsko docnat so esenskata seidba

 

Сеидбата во штипско не е почната, ќе пролонгира за одреден период – велат од Агенцијата за поттик и развој на земјоделството.

Врнежите кои деновиве ги има во регионот се недоволни за почеток на сеидбата. Почвата е сува не може добро да се обработи.

Порано сеидбата на јачменот завршуваше до 20 октомври, а до 15 ноември се сееше и пченицата. Сега оптималните рокови за сеидба се поместуваат. Според познавачите ова се должи на климатските промени.

Доцното засејување не е добро за земјоделците. Однапред знаат дека ќе им се зголемат трошоците на производство. Во самата сеидба ќе употребат повеќе семенски материјал на единица површина, ако не сакаат да жнеат со намалени приноси.

Земјоделците на истокот ќе мора да се адаптираат на климатските промени. Во штипско и карбинско поголем дел од нивите чекаат на обработка. Во кочанско дождовите ја прекинаа жетвата на оризот, додека во атарот на Крупиште не е ниту започната.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close