fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

Ете убава вест за македонските земјоделци!

Денеска од подрачната единица при МЗШВ во Струмица, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев најавија дека ќе се продолжи со отворање на подрачни единици во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

„Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред“, појасни Трипуновски.

Министерот посочи дека во наредниот период ќе се продолжи со отворање на подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да Министерството преку подрачните единици биде сериозен сервис на самите земјоделци.

„Веќе од наредната година планираме сериозно да инвестираме во техничкиот капацитет на секоја подрачна едница и да ја зголемиме функционалноста“, изјави Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close