fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Највисоки пензиите во Хрватска и Црна Гора, во Македонија најголем пораст за осум години

Според Здружението на пензионери на Македонија, просечната пензија исплатена во јуни годинава изнесувала 255 евра (15.705 македонски денари), што е за 77 проценти повеќе од пред осум години кога просечната пензија беше 144 евра.

Многу пензионери во земјите од регионот припаѓаат на дел од населението кое живее во многу тешка социо-економска ситуација, која, како што велат, станува потешка и понеизвесна секоја година.

Репортерскиот тим на Anadolu Agency (AA) го истражуваше нивото на пензиите во земјите од регионот, а официјалните податоци покажуваат дека просечните пензии се највисоки во Хрватска и Црна Гора, а најниски во Босна и Херцеговина и Србија, пренесува Банкар.ме.

Според податоците од државните институции, во август Хрватска исплаќала пензии за 1.237.070 граѓани и просекот изнесувал 2.802 куни, или 373,1 евра, што е за 20,3 проценти повеќе отколку во 2013 година, кога изнесуваа 310.

По Хрватска е Црна Гора, каде пензионерите во просек добиваат по околу 293 евра месечно. Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Црна Гора покажуваат дека просечната пензија во Црна Гора во август 2021 година изнесува точно 293,05 евра, а во земјата има вкупно 114.131 корисник на пензија. Просечната пензија во Црна Гора во однос на 2013 година кога изнесувала 278 евра е повисока за 5,3 отсто.

Потоа следува Северна Македонија, каде што, според Здружението на пензионери на Северна Македонија, просечната пензија исплатена во јуни годинава изнесувала 255 евра (15.705 македонски денари), што е за 77 проценти повеќе од пред осум години кога просечната пензија беше 144 евра.

Во Србија, според податоците на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија, просечната пензија во август оваа година изнесуваше 29.368 динари, или 249,9 евра. Тоа е за 14,1 отсто повеќе од 2013 година, кога просечната пензија во Србија изнесуваше 219 евра.

На дното на листата е Босна и Херцеговина, каде, според последните податоци, пензионерите месечно добиваат во просек по околу 215 евра, што е за 25,7 отсто повеќе од пред осум години, кога просечната пензија изнесуваше 171 евро.
Според податоците на Федералниот завод за пензиско и инвалидско осигурување, просечната пензија во Федерацијата БиХ во септември годинава изнесувала 428,22 конвертибилни марки или 218,9 евра, а бројот на корисници на пензија изнесува 427.428. Податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Српска покажуваат дека просечната пензија во септември годинава изнесуваше 414,12 км или 211,7 евра.

Пензиите во многу други земји во Европа се многу повисоки од примањата на пензионерите во балканскиот регион. За споредба, просечната месечна пензија во Германија е околу 1.290 евра, во Италија 1.100 евра, Чешка 599,8 евра, Словенија 549 ​​евра…https://nezavisen.mk/najvisoki-penziite-vo-hrvatska-i-crna-gora-vo-makedonija-najgolem-porast-za-osum-godini/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close