fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделци од Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир

Откупната цена на младиот компир е 15 денари за килограм

Земјоделци од селата Иловица и Штука во Општина Босилово денеска го блокираа патот до нивните села заради ниските откупи цени на младиот компир.

Со трактори и земјоделска механизација тие ја блокираа крстосница што води кон двете села револтирани од откупната цена на младиот компир која денеска изнесувала 15 денари за килограм.

Според земјоделците, младиот компир треба да се откупува за најмалку 25 денари за килограм, бидејќи сегашната не ги покрива ниту основните трошоци за производство.

Земјоделците од Иловица и Штука од вчера имаат договор да не земат амбалажа и да не го предаваат родот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close