Земјоделци прочитајте ја Програмата за субвенции за 2026 година
Помош во сточарскиот сектор 15.000.000,00 : Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства 1.000.000,00
ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 ГОДИНА I
Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27/26, 53/26, 160/26, 191/26 и 227/26) во делот I табелата се менува и гласи: ”
Број на мерка Име на мерка Вкупен износ на мерката во денари
1. Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства 1.000.000,00
2. Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства 1.000.000,00
3. Мерки за директни плаќања по единица производ (по килограм, по литар, по грло, по пиле, по бројлер, по несилка, по растение) во растителното и сточарското производство 2.093.000.000,00
4. Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивни производи 1.000.000,00
5. Мерка за поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година 1.000.000,00
6. Мерка за директни плаќања за мали земјоделски стопанства 1.000.000,00
7. Помош во премии и осигурување 1.000.000,00
8. Помош во сточарскиот сектор 15.000.000,00
9. Помош за заштита на земјоделското земјиште 1.000.000,00
10. Помош за поддршка на трошоци за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделски стопанства 300.000.000,00
11. Материјални трошоци за спроведување на оваа програма 22.000.000,00
12. Заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 година 4.858.652.000,00 Вкупно 7.295.652.000,00 “.
II Во делот XI во ставот 1 износот “564.000.000,00” се заменува со износот “300.000.000,00”.
III Во делот XIII износот “4.594.652.000,00” се заменува со износот “4.858.652.000,00”.
IV Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 57-8119/6 20 октомври 2026 година Скопје Претседател на Владата на Република Северна Македонија,проф. д-р Христијан Мицкоски, с.р.




