Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жители на село Опае неовластено набавиле и продавале над 1,3 тони тутун, избегнале акциза од над 3,4 милиони денари

Со ваквите активности, според пријавата, избегнале плаќање акциза во износ од 3.442.400 денари. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против двајца жители на селото Опае, Општина Липково, на возраст од 56 и 59 години, поради сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, во текот на 2025 година пријавените неовластено набавиле, чувале и преработиле 1.324 килограми тутун во лист, кој потоа го продавале на други лица.

Со ваквите активности, според пријавата, избегнале плаќање акциза во износ од 3.442.400 денари.

Поврзани новости

Back to top button