Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА КОНФЕРЕНЦИЈА – ​Време е за обединување!

Македонскиот аграр се соочува со една од најтешките и најкритичните кризи во поновата историја.

ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ​Време е за обединување

Гласот на македонскиот земјоделец мора да се слушне!

​Почитувани колеги, земјоделски производители, претставници на здруженија, сојузи и асоцијации од сите сектори и сите региони, ​македонскиот аграр се соочува со една од најтешките и најкритичните кризи во поновата историја. Катастрофалните состојби во земјоделството веќе не се само наш личен проблем ,тие го загрозуваат опстанокот на илјади семејства кои чесно живеат од својот труд, ја загрозуваат иднината на нашите села и ја поткопуваат домашната храна. ​Времето за поединечни настапи и парцијални борби помина. Дојде часот кога мораме да застанеме рамо до рамо, без разлика дали произведуваме тутун, пиперка, грозје, жито, овошје или се занимаваме со сточарство и млекарство. Време е да покажеме максимална солидарност, зрелост и решителност! ​Ние, членовите на Националната земјоделска мрежа, покренуваме иницијатива за организирање на ГОЛЕМА НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА КОНФЕРЕНЦИЈА и упатуваме јавна и писмена покана до сите земјоделски организации во државата.

НАШАТА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ ​

Отворено и јавно да дискутираме за сите акутни проблеми што го разјадуваат македонскиот аграр; ​Да изградиме заеднички, цврсти и единствени ставови зад кои ќе застане целиот земјоделски сектор; ​Да донесеме конкретни, одржливи и системски решенија и барања кои ќе ги доставиме до надлежните институции; ​Да дефинираме заедничка стратегија за идно делување за санирање на овие катастрофални состојби. ​Секој земјоделец е важна карика во оваа синџир. Само обединети и со еден глас можеме да ги заштитиме нашите производи, нашите цени и нашето достоинство! ​За точното место и датум на одржување на конференцијата ќе бидете известени во најбрз можен рок. ​Покажете ја вашата поддршка, одзовете се на овој апел и да ја преземеме одговорноста за нашата иднина! ​

Со искрена почит НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button