Земјоделците бараат дополнително попуштање на еколошките мерки
Пет земји од ЕУ ќе добијат зелено светло
Стравот од глобалната несигурност во производството на храна, ги наведе мнозинството министри за земјоделство да се заложат за понатамошно ублажување на мерките за заштита на животната средина во овој сектор во 2023 година. Европската унија се спротиставила на тоа, но дозволила повремени отстапувања од одредени еколошки барања во програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството, пренесува Порта 3.
Дел од мерките на попуштање се однесуваат на продолжување на употребата на земјоделските површини издвоени за биодиверзитет во наредната година. Имено, според програмата кој е сега на сила, предвидено е земјоделсите со површина поголема од 15 хектари, задолжително да обезбедат најмалку 5% од земјиштето да биде посветено на подрачја корисни за биодиверзитетот (дрвја и сл.). Со попуштањето на мерките, се планира тоа да биде 4%. Јавноста е поделена – додека едни се за овие мерки со цел зголемување на производството на храна во овие кризни услови, други го критикуваат уништувањето на животната средина и природата.Веќе е потврдено дека за пет земји членки на ЕУ – Португалија, Полска, Шпанија, Данска и Франција, ќе започне постапка за одобрување на измени во нивните национални планови.https://www.porta3.mk/zemjodelcite-baraat-dopolnitelno-popushtanje-na-ekoloshkite-merki-pet-zemji-od-eu-kje-dobijat-zeleno-svetlo/