fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Земјоделците деновиве „дежураат“ покрај пластениците

Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека врз пластениците има снег со дебелина од 10 до 15 сантиметри.

Снежните врнежи им отворија работа на земјоделците, кои деновиве се принудени да „дежураат“ покрај пластениците.  За да не се уништат  и да нема штети, тие мораат да ги потпираат оранжериите и да го чистат снегот. Снегот буквално ги остави земјоделците без спиење. Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека врз пластениците има снег со дебелина од 10 до 15 сантиметри.

„Луѓето мораат со потпирачи да ги потпираат пластениците, но и да го чистат снегот. Тоа е многу работа затоа што луѓето имаат од 20 па до 100 пластеници. Буквално цели семејства ноќе одеа и го чистеа снегот. Осетливи се доматите, краставицата, и на овие ниски температури тие бараат загревање, но и тоа е дополнителен трошок. Што се однесува до зелката, зависи за која сорта се работи, некои се потпорни на студено време. Досега не видов да има штети, но ако некој не си преземал мерки, тоа секако ќе удри по џебот на земјоделецот. Се случувало дури и на пролет да има измрзнување. Климатските промени си го направија своето, и кој нема контролирани услови на производство, многу е тешко“, вели Велков. 

Тој објаснува дека од година во година состојбата во земјоделството е сѐ потешка.

„Пред 30 години беше добро да се живее од земјоделство, и секој трчаше дури и ако оди на работа, попладне да сработи нешто плус во земјоделство, но сега не е така. Во Струмичко многу е намалено производството, и ретко некој млад да се одлучи да се занимава со земјоделство“, рече Велков.  Снегот единствено нема да направи штети на житариците. Деновиве Македонија ја зафати студен бран. Во земјава се измерени 55 сантиметри снежна покривка, а најстудено било во Берово каде температурата се спушти и до -19 степени. Денеска Македонија е во жолта фаза поради минусните температури. https://faktor.mk/snegot-im-otvori-rabota-na-zemjodelcite-denovive-dezuraat-pokraj-plastenicite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close