fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во село Лажани почнала лажна политичка кампања, полицијата го бара виновникот

Маж пријавил дека непознато лице изработило и поставило на сообраќаен знак во с.Лажани политички пропаганден материјал - плакати со име, презиме и фотографија од неговиот син, а на кои имало и слогани на една политичка партија.

На 25.03.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Ропотово, Р.Г.(55) од с.Лажани, прилепско, пријавил дека непознато лице изработило и поставило на сообраќаен знак во с.Лажани политички пропаганден материјал – плакати со име, презиме и фотографија од неговиот син, а на кои имало и слогани на една политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close