fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од Кочани да си ги подигнат картичките за „зелена нафта“

Евидентирани се над две илјади земјоделски стопанства во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани почна распределбата на картичките за „зелена нафта“, а евидентирани се над две илјади земјоделски стопанства во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Земјоделците можат лично да ги подигнат картичките во просториите на службата, при што неопходно е да приложат документ за идентификација.

-Според евиденцијата, финансиска поддршка за „зелена нафта“, во вкупен износ од над 6,6 милиони денари, треба да добијат 2.021 земјоделец од трите општини што ги покрива нашата служба. Поединечниот износ со кој ќе им бидат покриени трошоците за дизел гориво е различен за единица површина, односно определен е според земјоделската гранка што е пријавена во електронските барања што тие ги поднеле до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по Програмата за 2021 година. Со ваучерите, односно со картичките ќе можат да набават гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април 2023 година, а ако им преостанат средства што не ги искористиле, после тој рок ќе им бидат блокирани, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да можат да ја добијат финансиската поддршка за дизел гориво, земјоделците треба да ги имаат платено обврските за воден надоместок. Притоа, сите кои ги подмириле давачките до 25 јули годинава се влезени во првата група за распределба и картичките им се издаваат веднаш, додека земјоделците кои обврските кон АД Водостопанство ги платиле после овој рок, ќе се најдат во втората група и финансиската поддршка ќе ја добијат подоцна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close