fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделците од Овче Поле утре излегуваат на протест

Земјоделците од Општините Свети Николе и Лозово за утре најавуваат протест и блокада на регионалниот пат кај местото викано „Овче Поле“.

 

Јонче Додевски земјоделец од село Црнилиште во Општина Свети Николе вели дека протестот и блокадата ќе почне во 12 часот, а повод е што од утринава повторно немаат вода за наводнување на нивите. Додевски вели дека вода за наводнување на земјоделските култури имале само во текот на викендот. Тој истакна дека земјоделците од Овчеполскиот регион имаат вложено пари во бостан, детелина, тутун и лозја, кои треба да се наводнуваат и за што плаќаат на АД Водостопанство „Брегалница“.

Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА потврдува дека од утринава е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион и се следи планот за наводнување.

-Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаа вода за да ги наводнат своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари, вели Богатинов.

Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување сега се пренасочува кон нивите под ориз во кочанско-виничкиот регион, бидејќи по прскањето на нивите под ориз сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар, кој треба да работи на терен.

а повод е што од утринава повторно немаат вода за наводнување на нивите. Додевски вели дека вода за наводнување на земјоделските култури имале само во текот на викендот. Тој истакна дека земјоделците од Овчеполскиот регион имаат вложено пари во бостан, детелина, тутун и лозја, кои треба да се наводнуваат и за што плаќаат на АД Водостопанство „Брегалница“.

Директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА потврдува дека од утринава е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион и се следи планот за наводнување.

-Имаме рестрикции на водата и план за наводнување, изминатиот период во Светиниколско имавме неколку дефекти на системот за наводнување, успеавме да ги решиме, за време на викендот земјоделците имаа вода за да ги наводнат своите ниви, кои според пријавеното треба да бидат околу 3.000 хектари, вели Богатинов.

Тој посочи дека во моментов водата од системот за наводнување сега се пренасочува кон нивите под ориз во кочанско-виничкиот регион, бидејќи по прскањето на нивите под ориз сега е потребно да бидат наполнети со вода. Богатинов забележа дека станува збор за стар систем, на кого му треба санација, но и долгоречно решение, какошто е изградба на цевковод до селата во Овче Поле, за да нема загуби или кражби на водата за наводнување, а ова регионалната подружница кубури и со стручен кадар, кој треба да работи на терен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close