fbpx
ВестиСовети

Според податоците на „Продуктна берз“: Цената на пченицата и понатаму расте

Пченицата и сојата поскапи, пченката стагнира.

Вкупниот промет на Продуктната берза за оваа недела изнесува 1925 тони стоки (+63,38%), со финансиска вредност од 44 998 250 динари (+50,94%). Во фокусот на тргувањето и натаму е пченицата. Таа продолжува да бележи раст на цената, кој кон напред го „движи“ зголемената побарувачка.

Пченицата, бележи раст, четврта седмица по ред.

Оваа недела цената се движела во растојание од 18,80 динари до 19 динари за килограм без ДДВ. Пондерираната цена изнесувала 18,87 дин/кг без ДДВ (20,76 дин/кг со ДДВ), што претставува раст од 2,12% во однос на споредбениот податок од минатата седмица. Во однос на споредбениот податок, после завршувањето на жетвата (16,50 дин/кг без ДДВ), со последната реализирана цена (19,00 дин/кг без ДДВ), оваа житарица бележи раст од 15,15%.

Во Чикаго во однос на податокот од претходната недела, пченицата поевтинила за 3,93%, а пченката за 1,09%, Цената на сојата (септемвриски фјучерс), поевтинила 0,85%, а соината сачма (септемвриски фјучерс), поскапела за 0,60%. Во Будимпешта, пченката поевтинила за 0,86%. Во Париз, пченицата поевтинила за 1,42%, а пченката 1,31%.

Според досегашните податоци, цената на пченката стагнира, односно тргувано е по единствена цена од 16 дин/кг без ДДВ (17,60 дин/кг со ДДВ).

Соиното зрно, продолжува да го следи минатонеделниот тренд на ценовен раст. Со сојата се тргувало во опсег од 37 до 37,40 дин/кг без ДДВ. Пондерираната цена оваа недела, изнесувала 37,24 дин/кг без ДДВ (40,96 дин/кг со ДДВ), што претставува раст на цената за 0,65% во однос на претходната седмица.

Преглед на понудени и постигнати количини, како и опсег на понудени и заклучени цени на земјоделските производи во анализираниот период:

Стоки Понудена количина (t) Цена на понудата дин/кг со ДДВ Достигната количина (t) Достигната цена дин/кг со ДДВ Промена во однос на минатата недела
Вештачки сушена пченка, род 2017 година 25 17,60 25 17,60
Вештачки сушена пченка, род 2017 година, слободен период до 31.8 500 17,60
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини 2000 20,68 -22,00 1300 20,68 -20,90 +2,12%
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини, потребно е да изврши фумигација 350
20,79 -20,90
 
350 20,79 -20,90

 

Соја род 2017 600 40,70-41,14 250 40,70-41,14 +0,65%

 

 

Берзанскиот индекс на Продуктната берза во Нови Сад, ПРОДЕКС на 09.08.2018 година бил на ниво од 205,06 индексни поени, што претставува раст за 1,93 процентни поени во однос на претходната недела.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close