fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од регионот Чешиново – Облешево алармираат на недостаток на вода

Од планираните 4.300 хектари за сеидба, моменталната исполнетост на Акумулацијата Калиманци од околу 70 милиони метри кубни придонесува да се кратат околу 1.500 хектари за наводнување, објаснува за 24 Раководителот на кочанската подружница на Водостопанство, „Брегалница“, Горан Зашов.

Ќе доцни ли овогодинешната сеидба на ориз во кочанскиот регион? Браната Калиманци е со намален капацитет, што може да резултира со рестрикција на површините под ориз, тврдат оризопроизводителите од кочанско и се жалат дека со овој проблем се соочуваат со години наназад.

Велат, површините се подготвени за сеидба, трошоците се направени, но не можат да ги посеат.

Од планираните 4.300 хектари за сеидба, моменталната исполнетост на Акумулацијата Калиманци од околу 70 милиони метри кубни придонесува да се кратат околу 1.500 хектари за наводнување, објаснува за 24 Раководителот на кочанската подружница на Водостопанство, „Брегалница“, Горан Зашов.

Проблемот е стар со години и затоа итно е потребно ново решение, потенцира еден од поранешните директори на кочанската подружница во Водостопанство “Брегалница“, Трајчо Трендов, анализирајќи ја актуелната состојба.

Извор https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close