fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Зголемен откуп и продажба на земјодлски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 7 885 739 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 35.3 %.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 47.1 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 10.1 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, добитокот и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата.

Слични написи

Back to top button
Close