Агро бизнисБез категоријаВести
Земјоделците од Трубарево се жалат на неправилната распределба на земјоделско земјиште
Потребно е многу работа за да се средат проблемите кои се наталожија изминативе седум години, вели Трипуновски
Остварив средба со земјоделците од Трубарево, објави заменик министерот Цветан Трипуновски.
Ги сослушав нивните проблеми со коишто се соочуваат изминатиов период, најголем проблем во овој регион претставува узурпацијата на земјоделското земјиште, но и неправилната распределба на земјоделско земјиште, локалните земјоделци имаат проблем со едно стадо овци кое незаконски се чува и без никаков надзор е пуштено низ полето и постојано прави штети врз земјоделските производи.
Потребно е многу работа за да се средат проблемите кои се наталожија изминативе седум години, ние имаме план и програма како овие проблеми да станат минато, ќе ја зголемиме грижата кон македонските земјоделци, ќе ги поддржиме во модернизација на механизацијата и со тоа ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!