fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделци регистрирани преку ПИОМ си ги бараат дополнителните субвенции

Нема поврат на персонален данок за период 2019 година и 2020 година, се жалат засегнатите земјоделци.

Земјоделците регистрирани преку ПИОМ си ги бараат дополнителните субвенции, во реакција испратена до Зелена берза велат дека се уште не им е исплатен поврат од персонален данок.
-Индивидуалните регистрирани земјоделци кои се регистрирани преку ПИОМ се револтирани за неисплатените дополнителни 20% субвенции за дел од земјоделците за период 2017 и 2018 година , како и цела 2019 година. Нема поврат на персонален данок за период 2019 година и 2020 година иако законскиот рок беше јануари наредната година.
Оние земјоделци кои што остваруваат приходи под еден милион денари, а се регистрирани преку ПИОМ треба да имаат поврат на персонален данок, регира Зоки Пешков, земјоделец од Кавадарци. Пешков  е регистриран индивидуален земјоделец преку ПИОМ и како што вели нема исплата ниту поврат на персонален данок ниту дополнителни 20 % проценти дополнителни субвенции.
А.Б
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close