fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стабилизација на цените кон средината на годината, најави Ковачевски

Го намаливме ДДВ-то за резиденцијалните потрошувачи, односно за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% бидејќи го предвидовме ова што се случува. Издвоивме финансиски средства во буџетот во значителен износ со цел да можеме да извршиме субвенционирање на трошоците за електрична енергија која што граѓаните ја плаќаат, за да не се случи ценовен шок за граѓаните и тоа не се случи бидејќи има држави каде што за 50-60% е покачена цената на струјата, рече Ковачевски.

Владата ги презеде сите неопходни чекори уште на почетокот на енергетската криза за да се ублажат ценовните шокови за граѓаните и стопанството, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

-Го намаливме ДДВ-то за резиденцијалните потрошувачи, односно за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% бидејќи го предвидовме ова што се случува. Издвоивме финансиски средства во буџетот во значителен износ со цел да можеме да извршиме субвенционирање на трошоците за електрична енергија која што граѓаните ја плаќаат, за да не се случи ценовен шок за граѓаните и тоа не се случи бидејќи има држави каде што за 50-60% е покачена цената на струјата, рече Ковачевски.

Додаде дека со мерките што се преземаат континуирано сѐ уште се држиме до основното сценарио во однос на цената на електричната енергија.

Премиерот Ковачевски посочи дека предвидувањата укажуваат дека кон средината на оваа година ценовниот притисок ќе се намали и дека ќе следува стабилизација на цените.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close