fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците се жалат на цените на репроматеријалите

Видео

Негативните влијанија од економската и енергетската криза сериозно се одразуваат и во земјоделскиот сектор. Ова први веќе го почувствувале рано градинарите кои произведуваат во пластеници и оранжерии чии  репроматеријали биле и тројно поскапи во однос на минатата година. Од Сојузот синдикат на земјоделски производители од Струмица  велат дека зголемените трошоци што ги имаат уште на старт на сезоната  сериозно ќе се одразат и на крајната цена на чинење на производите, објави Сител.

Нај погодено ќе биде рано градинарството, поготово кај оние земјоделски производители кои што произведуваат под контролирани услови. Тука се користи енергија, дали нафта, дали дрва за загревање и обезбедување на оптимална температура при одгледувањето на дадените култури. Меѓутоа, освен тоа мораме да го потенцираме податокот дека доста се зголемени цените и на останатите репроматеријали како што се ѓубривата, полиетиленското платно, семенскиот материјал.,, вели Ристо Велков- Сојуз синдикат на земјоделски производи.

Од сојузот синдикат стравуваат дека секојдневните поскапувања освен на крајната цена на чинење ќе имаат влијание и  врз површините кои поради зголемените производствени трошоци годинава ќе бидат видно намалени.

,, Минатата година градинарот, не другите сектори во земјоделието бидејќи имаше и некои негативни дејствија, туку градинарот помина добро и се мислеше дека оваа година ќе дојде до зголемување на површините, а  со тоа до зголемување и на самото производство, меѓутоа според сето она што се случува со зголемувањето на цените на репроматеријалите јас мислам дека оваа година ќе бидеме сведоци на уште поголемо намалување на самото производство, а со тоа намалување на површините ќе има и намалување на количините од градинарските производи.,, вели Велков.

За да се амортизира ваквиот удар  од синдикатот сметаат се неопходни мерки кои надлежните ќе ги преземат уште сега. Од таму потенцираат дека во барањето решенија треба да учествуваат сите кои се вклучени во овој сектор почнувајчи од државните институции, преку науката  производителите па се до трговците и преработувачите.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close