fbpx
Без категорија

Земјоделските производи кои излегуваат од куќен праг ќе бидат регистрирани

Сите земјоделци кои се занимаваат со продажба на домашни производи, во иднина ќе имаат можност тоа што го произведуваат и продаваат да го сертифицираат, но и да си основаат своја фирма.

Земјоделците треба да исполнат минимум услови, на пример за производство на сирење или домашен ајвар. Во Тетово пред земјоделците за таа цел беа презентирани правилници за продажба на земјоделски производи од куќен праг.

-Со ова им се овозможува на земјоделците да се регистрираат и производите да ги продаваат во локалните средини. Надлежни за спроведување на овие правилници се Агенцијата за храна и ветеринарство. И тие им укажуваат како да ги исполнат овие правилници. Ова добро ќе се реализира, дека секој земјоделец кој произведува вакво нешто, ќе може производите да ги продава низ маркетите, вели Борче Петковски заменик директор во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Ваквиот чекор е преземен со цел да се заштитат земјоделците, но и самите купувачи кои пред се рестораните купуваат од каде ќе стигнат ,а во опасност ги ставаат муштериите.

-За жал непочитувањето на прописите е големо. Сега сите продаваат каде ќе стигнат и тоа не е добро. На пример сирење на улица и се и сешто на големи горештини се продава. Затоа се овие минимални услови за да можат тие мали производители да го продаваат својот производ и подобро за нив тоа ќе биде, тој ќе биде регистриран со минимални услови кои дури и сега ги има. На пример сега секој ресторан е во опасност, дека се земаат домашни производи од каде било, а кога ќе се земе производ сертифициран тогаш и тој е посигурен и самите муштерии, вели Борче Петковски заменик директор во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

За земјоделците ова ќе биде одлична можност да се регистрираат и со овие правилници ќе се елиминираат трговците кои постојано ги уценуваат земјоделците, велат од агенцијата.

 

Се работи за земјоделци кои единствено произведуваат домашни производи, а во никој случај не се работи за откуп на суровини, па потоа производство од страна на поединци или групи.

Зоран Димовски

 

Слични написи

Back to top button
Close