fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиДвор и градинаЕкологијаМакедонијаТоп вести

Земјоделското училиште од Кавадарци подарува по една саксија цвеќе за секое прваче

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци и оваа година подарува по една саксија цвеќе за секое прваче. Цвеќе одгледано со љубов од нашите ученици и наставници, сега со љубов поклонето на најмалите ученици, со цел да им посака убава, цветна и успешна учебна година.

Земјоделско – шумарското средно училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, подарува по една саксија цвеќе за секое прваче во општината, информираа денеска од училиштето што постои 67 години, на нивниот фејсбук-профил. Оттаму нагласија дека ваквата активност, веќе станува традиција.

– СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци и оваа година подарува по една саксија цвеќе за секое прваче. Цвеќе одгледано со љубов од нашите ученици и наставници, сега со љубов поклонето на најмалите ученици, со цел да им посака убава, цветна и успешна учебна година.

 

Вработените во училиштето се потрудија саксијата со цвеќе да биде убаво спакувана и навреме доставена до секое училиште, за на втори септември да биде дадена на секој првоодделенец, соопштија од училиштето.

Оттаму изразија надеж дека ќе ги израдуваат првачињата. Истовремено, многу успех им посакаа и на сите други ученици, пред стартот на новата учебна година

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close