fbpx
Вести

ЗЕМЈОДЕЛСТВО Субвенции и за должниците на УЈП

domati

Министерството за земјоделство предлага да престане да важи условот за плаќање на заостанатите давачки за земјоделците. Целта е да не го изгубат правото за субвенции. За измените треба да се изјаснат Владата и Собранието.

Ресорното министерство предлага за земјоделците да престане да важи условот за плаќање на сите заостанати давачки кои не се од областа на земјоделството, за да може да добиваат субвенции.

Во измените, за двачките за кои е надлежна Управата за јавни приходи и условот да се платат сите долгови од користењето на средствата од странските фондови, се предлага да бидат избришани.

Доколку овој предлог се донесе, земјоделците во иднина ќе ги добиваат субвенциите без разлика дали имаат долгови кон УЈП.

За навремено плаќање, остануваат само обврските за закупнината за државното земјоделско земјиште, пашарината, водниот надоместок и концесијата за рибарство и за ловство.

За овие давачки останува правото Платежната агенцијата да може изврши пребивање на долговите од одобрената субвенција.


 

мрт

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close