Една од карактеристичните особини на економската конјунктура во дваесет и првиот век е дека поради опаѓање на порастот на населението, во многу реони во светот, потребата од средства за живот ќе расте со пониско темпо отколку во дваесеттиот век. Од друга страна, поради стареењето на населението и потребата (стремежот) за квалитетен начин на живеење, особено во развиените земји, барањето храна ќе се концентрира на поквалитетна храна со соодветно влијание на органското производство и заштита на животната средина.
Овие и многу други промени во економските и социјални процеси водат до промени во приоритетот на управувањето. Во овој век ќе настане квалитетна промена во потребите за управување на бизнисот, како последица за подобро задоволување на првостепените потреби на луѓето на светско ниво, вниманието на бизнисмените ќе се концентрира повеќе врз стратегиското управување на стопанската и технолошката дејност. Поради интегралното образование и демократизација на бизнисот, на сите нивоа на управување ќе се направи премин од преземањето стратегиски решенија само на национално и корпоративно да се помине кон такво управување, кое ќе им овозможи на повеќето од вработените да донесуваат подолгорочни решенија и да учествуваат активно кај формулирањето и остварувањето на стратегиите. Тоа ќе овозможи подобро користење на интелектуалниот потенцијал на вработените, а ќе се намали разликата на стандардот помеѓу инвеститорите и оние благодарение на кои се создава богатство. Од друга страна, како последица на подобрениот квалитет на живеењето, особено во развиените општества, ќе се зголеми просечниот животен век со соодветен пораст на социјалните трошоци што се однесуваат и на фирмите.
Кризите од деведесеттите години на минатиот век ги зафатија развиените региони и особено Европа. Во голем степен тоа се совпаѓа со таканаречената демографска криза за која има индикации и кај нас. Негативниот природен прираст и нерамномерната територијална распореденост на населението се изразуваат со застареност на работната сила и нејзин недостиг во селските реони, поради миграција во земјата и надвор од неа. Во високоразвиените земји поради развиеноста на комуникациите, технологиите и компјутеризацијата, разликата помеѓу градовите и селата се изразува во стандардот и квалитетот на живеењето. Според некои аналитичари, миграциите и празнењето на селата на некои региони во развиените земји не треба да нѐ загрижува, бидејќи во напуштените селски реони работната сила може да се замени со нова технологија, со друга работна сила од градовите (и други земји) или кога соодветните пропуштени можности за земјоделското производство се заменат со увоз. Така, слободната работна сила и капитал можат да се ангажираат во други сектори на стопанството потребни за соодветната земја или за специјализација на производството за надворешни пазари. Природно, процесот на овие дејства можеби нема да биде доволно брз од стојалиште на социјалните барања, но тоа е дозволено ако се има предвид економската ефективност. Во наши услови не е јасно што ќе се случува, кога се знае колку е застарена работната сила во селата, а државната политика нема механизми за здружување и обнова на работната сила, особено во кризни услови.Целиот текст прочитајте го на следниот линк.
извор: Нова Маедонија