fbpx
ВестиТоп вести

Наместо за питка вода за животните, рибите и за наводнување на почвата, реките на Шара започнаа да се користат за производство на струја

Шарпланинскиот масив со децении се осакатува од дрвокрадци, ловокрадци, но во последниве години и тоа што остана на овој преубав предел се уништува од тој што треба да ја штити планината , а тоа е државата, преку изградба на мали хидроцентралиТаа тоа барем како што кажуваат институциите го прави на легален начин. Па така на речиси секоја река дава дозволи да се градат овие хидрoцентрали.

Последниот случај кој што наиде на остра реакција од невладините организации и еколошките здруженија е изградбата на хидроцентралата во недопрената природа во месноста Лешница.

За таа цел иссечени се голем број на дрвја, а отворени се и пристапни патишта. Оваа централа ќе се гради на река Пена со што ќе се изгуби биодиверзитетот и во самата река, но и во самата околина, затоа што водата која поминува низ овој предел е значајна за одржување пред се на животинскиот свет.Реката ќе се носи до нивните зафати каде што ќе биде хидроцентралата и тој дел ќе биде сув. Локацијата фактички ќе биде на горната страна кон популарните кади и долниот дел кон село Бозовце. Но ние заедно со останатите граѓански активисти нема да дозволиме да се гради хидроцентрала на ваква недопрена природа, рече Хамди Сулејмани од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.

Хидроцентрали на Шара изминативе години има изградено и на реката Бистрица.

За разлика од водните богаства кои што припаѓаат под Општина Теарце и Општина Тетово, во Општина Јегуновце мештаните не дозволија да се изградат мали хидроцентрали на Беловишка и Вратничка река

Поконкретно жителите на Вратница пред  5 години спречија изградба на две мали хидроцентрали, но сега стотина метри подолу на јавен тендер избрана е фирма за изградба на нова хидроцентрала.

И за оваа најавена хидроцентрала мештаните најавуваат дека нема да дозволат да се изгради. Со изградбата на хидроцентрала на оваа река според нив ќе исчезне рибниот и животинскиот свет, а што е најтрагично ќе останат без водата која ја користат за наводнување на земјоделската површина.

-Вратничка река се создава од неколку притоки кои одат од Љуботен и од левата страна на Шара. Заради оваа река ние тука живееме од неа зависиме, вода во неа има колку за нашите потреби, а не за некои инвеститори од страна. Тука има и канал кој е изграден од римјаните тој си има своја намена и сега кога ќе влезат машините тука се ќе се раскопа, ќе се уништи шумата и ќе секне водата. Се е поврзано со реката, покрај неа сме се вселиле, сме се развивале и сега тие централи имаат моќ од еден мега ват, тоа значи многу малку финансии за инвеститортие, а за нас уништување на цело село. Се мислам дека овие централи ги прават да не исселат и толку жители колку сме останале да живееме тукарече Ивица Михајловски жител на Вратница.

Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка се сомневаат дека на Шара сега се гради се набрзина пред да се прогласи ова подрачје за Национален парк, затоа и според нив постапката за прогласување на Шара за заштитено подрачје властите го одолговлекуваат.  

-Како што гледате се се гради набрзина на Шарпланинскиот масив, а во меѓувреме се одолговлекува постапката за прогласување на Шара за национален парк, за да можат тие моќници пред се биснис и политичката елита да изградат на тоа место разни објекти, а потоа кога ќе се прогласи Шара за заштитено подрачје да имаат монопол со тие објекти и да остваруваат профит, односно ќе се богатат како и досега, рече Хамди Сулејмани од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка. 

 

И природата во гостиварско сардисана од хидроцентрали.

Жителите во гостиварското село Падалиште веќе претрпеа штети со изградбата на хидроцентралата во пределот на планината Сува Гора

Со градежните активности пред 6 години дел од природата веќе им е уништена, но иако било ветено селото уште нема земено обештетување

-Договорот беше фирмата-инвеститор на хидроцентралата во 2015-та на сметка на општината да уплати над 170 илјади евра. Од тие пари 25%  за санирање на штети требаше да добие селото, но до денес не е исплатено ништо, вели жител на гостиварско Падалиште.

Тие за проблемот се обратија од градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој се оправда дека дозвола за изградба на хидроцентрала и дала претходната локална самоуправа и парите на селото сега треба да ги исплати инвеститорот.

Од Месната заедница од гостиварско Падалиште најавија дека ако не се санираат штетите и не се исплатат парите на селото,  ќе ја запрат работата на хидроцентралата.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close