fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделството не расте на хартија, туку на ниви

Пишува Никола Тасев

Неверојатно, ама вистинито – Македонија е зависна од увоз на храна! Не мислам на банани и ананас, туку на основни прехрамбени производи, со кои, во минатото вагони и шлепери се товареле за да продаваме надвор. Еј, сега кромид и лук увезуваме, пиперки и домати…објави plusinfo.mk

А Бог ни дал и плодна почва и сонце и работливи земјоделци, ама на друго место е скусено и тоа не од Севишниот, туку од функционерите кои се умислени дека се богови…

Оваа ситуација мора веднаш по изборите да биде поправена. Земјоделието треба да е еден од најважните приоритети. Ако не можеме да се пофалиме со тешка индустрија, со развој на вештачка интелегинција, па дури и со туризам, за што имаме природни услови, мора да почнеме да го користиме плодното земјиште. Ама на него од година до година се помалку растат пиперки и домати… Згради и фотоволтаици да никнуваат на плодно земјоделско земјиште е трендот што го промовира сегашната влада.

Ме интересираше да видам што двете најголеми партии планираат со оваа гранка во следните 4 години, па погледнав во нивните изборните програми.

СДСМ си ги препишала зборовите на програмата од пред 4 години, само ја зголемила сумата за субвенции и ставиле назнака дека земјоделството во Македонија ќе биде Европско. Тоа е таа нивна позната формула – за се што си ветил од претходно, а не си реализирал, вети го истото и само кажи дека ќе биде Европско. А фрлија огромни средства за субвенциите, кои во најглем дел беа користени за купување социјален мир кај земјоделците. Немаа стратегија, немаа план, само сипаа пари и тераа пропаганда. Ама на пазарите пропаганда не се купува, мора да купиш кромид, а тој најчесто беше од Србија, Албанија… Се покажа дека земјоделието не расте на хартија, туку на ниви.

Кај ВМРО-ДПМНЕ гледам дека во главните приоритети е и земјоделството. Ги детектирале болните точките и нудат редица решенија како да се покрене оваа битна гранка во македонското стопанство, но и за севкупниот живот на македонскиот граѓанин. Ќе потенцирам само една – најавената Агенција за управување со земјоделско земјиште, која треба да го реши катастарот на обработливо земјиште и да се обезбеди негово функционално и транспарентно управување и обработување. Оти земјоделското земјиште треба да оди во рацете на земјоделците, а не во рацете на бизнисмените, кои ќе го користат само за да пријавуваат површини во Министерството, за да земаат што повеќе субвенции.

Добра е таа идеа за Агенцијата! Имаат и други добри идеи кои како што се разработени воочливо е дека со планска работа од хартија ќе прејдат на нивите.

Бидејќи областа е огромна и следи многу работа, сметам дека треба, да се формира и координативно тело помеѓу Министерството за земјоделство и за локална самоуправа.

Целиот текст на https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close