Без категоријаДвор и градина

Зголемување на пласманот на празот преку дегустација на кулинарски специјалитети

Жителите на населеното место Градашорци, општина Василево, ја промовираа оваа градинарска култура  со традиционални специјалитети од праз и побараа од надлежните поголема поддршка за производството, но и организиран пласман.

Додека едни ги дегустираа специјалитетите, земјоделците се обидуваа да го продадат своето производство. Тврдат дека нема организиран откуп, а цените се ниски и не ги покриваат производствените трошоци.

Празијадата во Градашорци го оправда своето постоење, бидејќи годинава присуствуваа гости од цела држава, но и од соседните Бугарија и Италија. Нашата интенција е да привлечеме повеќе откупувачи, вели градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close