Зголемен интерес за ново производство на тутун
Зголемен интересот за новото производство на тутун за 2018-та година. Секој земјоделец кој има намера годинава да ја одгледува оваа култура, мора да има евидентен листкој ќе се користи за склучување на договорите за откуп со монополите…
Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договориза откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство каде што е местото на живеењето на производителот независно каде сенаоѓаат површините со тутун.
Земјоделците треба да добијат евидентен лист со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества, кој ќе се внесува во регистерот на земјоделските стопанства.
Заедно со осумте досегашни откупувачи од оваа година во новата реколта влегува и уште една странска команија. Новолиценцираната грчка „Мисиријан“ им се придружува на монополите и ќе почне да склучува договори за откуп со тутунарите. Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 23,5 илјади тони тутун, со просечна цена од 217 денари за килограм.