
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со слаб локален дожд
Заладување ќе има кон крајот на оваа работна недела.
Променливо облачно со повремен слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно, понеделник со повремен локален дожд, а во вторник поради продор на постудена воздушна маса со локален слаб снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.