fbpx
Вести

„Жито Полог“ произведе 4.706 тони брашно

„Жито Полог“ АД Тетово во првата половина од годинава оствари позитивен финансиски резултат од 6,2 милиони денари за разлика од минатата година, кога имаше негативен финансиски резултат од 9,9 милиони денари, информира компанијата преку Македонската берза.

zhito polog proizvede 4 706 toni brashno

 

– Приходите од продажба во првите шест месеци годинава се помали за 23 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Oва намалување на приходите е резултат и на намалувањето на физичкиот обем на продажба. Kај нашиот главен продажен артикал, брашното, имаме намалување на физичкиот обем на продажба за 7 отсто во однос на истиот период минатата година. Ова е резултат на нелојалната конкуренција и неконтролираниот увоз на евтино брашно на домашниот пазар. Во овој период имаме и приходи од продажба на постојан имот во износ од 8,4 милиони денари – соопшти компанијата.

Оперативните трошоци изминативе шест месеци од оваа година се помали за 30 отсто во споредба со истиот период минатата година. Ова намалување на трошоците е резултат и на намалениот физички обем на производство на главниот производ – брашното.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close