fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите

И вака се можело?! Општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи  и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување. Притоа констатирани се следниве состојби:

 

– Слабост при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77% и недонесен ребаланс на Буџетот за 2021 година;

– Не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија;

– Општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност;

–Општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште;

– Не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање

мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close