fbpx
ВестиМакедонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 12 до 20 степени.

Во Скопје, претпладне со услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close