fbpx
Вести

Зошто е важно да се јаде цвекло?

Цвеклото е еден од најздравите зеленчуци кои постојат на оваа наша земја.
За неговите благодати се знаело уште од порано и токму поради многубројните здравствени придобивки, цвеклото е неизоставен дел од исхраната на многу луѓе.

zoshto e vazhno da se jade cveklo

 

Но дали знаеме што е тоа што цвеклото го издвојува од останатите зеленчуци па и овошја? Зошто му се придава толку големо значење?

На прво место е бојата, карактеристичната црвена боја која ја нема ниту еден друг плод. Бојата е резултат на билниот пигмент антоцијани, многу моќен антиоксиданс кој го спречува ширењето на туморите и го потпомага обновувањето на крвните клетки.

Јодот е на второ место во листата на корисни супстанции кои ги поседува цвеклото. Благодарение на големите количини јод, цвеклото одлично се спротивставува на артериосклерозата и го забавува процесот на стареење на организмот.

Благодарение на соединенијата бетанин и бетаин, овој зеленчук се наоѓа на самиот пиедестал и во вистинска смисла на зборот е незаменлив.
Токму тие соединенија ја помагаат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ги одржуваат исправни крвните садови, ја стимулираат работата на џигерот, жолчката и желудникот.

Најдобриот природен лек кој успешно помага во лечење на анемија е токму цвеклото благодарение на кобалтот, кој помага во создавање на витаминот Б12 кој од друга страна е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца во крвта.

Цвеклото превентивно делува против вирусни воспаленија, настинки и грип, а докажано е и дека во голема мера ја намалува маснотијата во крвта.

Цвеклото е верен пријател на човекот и на неговото здравје кое ги задоволува дневните потреби за витамини и минерали. Токму поради тоа доволно е во текот на денот да се изеде една порција салата од свежо цвекло во комбинација со друг вид на зеленчук. Верувајте дека ќе имате многу енергија преку текот на целиот ден, ќе бидете многу поконцентрирани, ќе бидете полни со живост и ќе имате желба и сила буквално сѐ да направите одеднаш.

А пак консумирањето наутро чаша свежо цеден сок од цвекло значи продолжување на животот, како и успешно справување со болестите од секаков вид.

Внесете го цвеклото во вашата секојдневна исхрана и подобрете си го вашето здравје и живот!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close