fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците знаат како да произведат но им треба помош за продажба на произведеното во маркетите

 Традиционалната македонска кујна е богата со различни вкусови, не промовирајќи се доволно, не ги искористува максимално постоечките можности за заштита од заборав, за продолжување на традицијата, но и за промоција во европски и светски рамки.

 

Пасивноста во оваа област има негативно влијание и врз зголемувањето на земјоделското производство, но и врз туристичката промоција и економскиот бенефит за државата. Расположливите ресурси остануваат неискористени, недоволно познати, со ограничена можност за континуитет на традицијата која има непроценлива вредност. Токму затоа, Зелена берза, презема најразлични активностиза надминување на актуелните проблеми. Во таа насока е и предавањето што се одржа во Хотел ресторан „Премиер“ во Битола за заинтересирани земјоделски производители и здруженија од руралните средини од Пелагонискиот регион.

Советникот Андреј Соколовски од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  пред присутните  ја образложи Мерката 7 од ИПАРД Програмата  која може да помогне за развој на бизниси ви руралните средини, дивезрзификација на фарми.

-Повикот по оваа мерка се очекува да биде објавен во месец јануари 2021 година. Целта е зголемување на вработувањето во руралните средини  и да се зачуваат традиционалните активности  што може да придонесат во развивањето  на руралниот туризам,  развој на микро и мали претпријатија со еден збор  развој на претприемништвото во руралните средини, рече Андреј Соколовски. По оваа мерка може да се добијат средства за инвестиции од минимум  1500  до  максимум 1 милион евра без ДДВ. Целокупната поддршка од оваа програма е 65% од целокупната инвестиција, додаде тој.

Производството на автентични производи од локалните производители е од големо значење за развојот не само на локалната туку и економијата во целата држава. Автентичните производи секогаш се барани од страна на домашни и странски потрошувачи. Странските туристи кога ќе дојдат сакаат да вкусат и да пробаат од автентичните производи на нашите простори, ајвар, разни видови слатка и овошни сокови, ракоија, вино, ликери, сирење, урда, и подготовки на храна кои ги нема во земјите од каде што доаѓаат. Македонската традиционална храна изобилува со низа специјалитети кои заинтересираните не само што ќе пробаат имаат можност да видат самите како сето тоа се подготвува.

Имајќи го предвид ова, Соколовски денеска ги објасни и правилниците за производство  и ставање во промет на храна од животинско и растително потекло регулирано со Законот за безбедност на храната.

Преку флексибилна примена на законските  и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната  се обезбедува  поддршка и развој на индивидуалните земјоделски производители и на малите производители  на храна  од животинско потекло без да се доведува  во прашање безбедноста на храната, водејќи сметка за зачувување на нејзините традиционални карактеристики. За прв пат овие правилници даваат можност на производителите да ги пласираат своите производи на пазар за јавна потрошувачка.

-Денес дојдовме на овој настан за да се информираме околу можностите што ги даваат новите правилници за продажба од праг. Членките во нашето здружение прават најразлични производи што се автентични и препознатливи за нашиот регион. Би сакале со ваша и помош на останатите институции да почнеме нешто да работиме, а тоа да биде исплатливо за сите, вели Верка Котевска претседател на Здружение на жени „Силата на баба“ од с. Новаци битолско. Ние можеме да произведеме, но потребна ни е помош околу продажбата. Како да стигнат нашите производи во маркетите и други продавници, додава Котевска.

Целокупниот настан е во рамки на проектот „Подобра промоција на традиционалните производи“ што го организира Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ Битола, потпомогнато од Министерството за економија на РС Македонија.

Реализацијата на проектот е во рамки на програмските активности на „Зелена берза“ насочени кон промовирање на  македонскиот земјоделец  и   градење  партнерски односи со производителите  и со трговците , да се  создаде  заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на македонското земјоделие во државата и странство.

 

Павлина Јовановска

 

Слични написи

Back to top button
Close