fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

За земјоделците од Општина Струга – пријавете штети од снегот и мразот

Пријавувањето на штетите може да се изврши од 18 април до 3 мај, секој работен ден од 9 часот до 15 часот и 30 минути.

Општина Струга објави јавен повик за пријавување штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и ранопролетна голомразица, која ја зафати општината на 6 април годинава.

– Општина Струга ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица који ја зафатија Општина Струга на 6 април, да пријават штета на своите насади со барање кое е достапно во просториите на архивата на Општина Струга, стои во јавниот повик.

Покрај барањето, потребни се копии од имотен лист, лична карта, трансакциска сметка и доказ за користење на земјиштето за насади.

Во проценка, како што е наведено, ќе влезат земјоделските култури, постари од три години, кои имаат повеќе од 20 стебла или корени.

Пријавувањето на штетите може да се изврши од 18 април до 3 мај, секој работен ден од 9 часот до 15 часот и 30 минути.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close