fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Националната земјоделска мрежа бара прогласување на елементарна непогода

Јавно ја повикуваме Владата на првата наредна седница да ја разгледа актуелната состојба со штетите во земјоделството и да донесе одлука за прогласување на елементарна непогода на територија на целата држава.

Националната земјоделска мрежа бара прогласување на елементарна непогода во земјоделието.

 

Почитувани земјоделци сведоци сме на екстремни временски услови кои предизвикаа катастрофални штети кај сите земјоделски гранки. Штетите во овоштарството, лозарството, тутунопроизводството се преку 80%, слична е состојбата и во другите земјоделски гранки. Како Национална земјоделска мрежа сметаме дека се исполнети сите законски услови за прогласување на елементарна непогода според Законот за елементарни непогоди.

Јавно ја повикуваме Владата на првата наредна седница да ја разгледа актуелната состојба со штетите во земјоделството и да донесе одлука за прогласување на елементарна непогода на територија на целата држава. Со тоа ќе се овозможи активирање на одредбите од посочениот закон и колку толку да се обештетат земјоделците како најзасегната категорија граѓани од ова природна катастрофа. Во спротивно напоменуваме дека ова дефинитивно ќе биде колапс за целокупниот агросектор, а последиците ќе бидат несогледиви по сите граѓани во државата, порачуваат од Националната земјоделска мрежа чии претседател е Ѓорги Каракашев.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close