fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Запленети 109 кг режан тутун

Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола

Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето не поседувало документи за потекло и платени акцизни давачки, информираат од Царинската управа.

Со ова, како што појаснуваат, е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од 379 илјади денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close