fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Минималната плата од март ќе изнесува 22.567 денари

Со најновото покачување

Минималната плата од март ќе изнесува  22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на вчерашната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера објави дека на 60.000 работници ќе им биде зголемена минималната плата и дека тоа ќе биде бенефит за нив.

Висината на минимална плата во бруто износ секој март се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот.

Од власта пак вчера потсетија дека во последните седум години сега минималецот има раст од 123,9 проценти.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close