Винарија Камник прослави 15 години постоење

(Oвој напис е објавен на: September 23, 2019)

 

Винаријата Камник, прослави 15 години постоење. Со интересна презентација на производство на вино, беше раскажана приказната за винаријата Камник , објавува Фактор.

Од самиот почеток на работа кога се засадени првите лозови насади, преку првата берба во 2008 година, до производството на првото вино од сопствени насади Ten Barrels Syrah, до денес винаријата Камник претставува исклучителени реномиран производител на висококвалитетни македонски вина. Во овој период создадени се 25 различни видови вина и во процесот се искористени повеќе од 500 дабови буриња.

Бројноста на наградите што вината на Камник ги имаат добиено и присуството на странските вински пазари, ја позиционира оваа винарија како вистински амбасадор на македонските вина и на традиционалниот начин на преработка.

„Започнавме точно пред 15 години со намера да станеме она што сме денес. Оваа работа бара да имате постојано фокус на развивање нови вина, на иновации. Успеавме да покажеме дека македонските вина имаат квалитет. Креираме вина со дистинктивен карактер. По тоа и сме препознатливи. Како винарија правиме многу за едукација за винската индустрија, бидејќи новите генерации сакаат да научат како да препознаат добро вино. Оваа приказна на Камник се развива како една желба која прерасна во симбол за квалитет што е само доказ дека сме успеале во нашата намера“, изјави Илија Малинковски, сопственик на винаријата Камник.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк.

Извор: Фактор