вести

Пролетните култури во Дебарско ќе бидат засеани на 300 хектари

(Oвој напис е објавен на: март 29, 2018)

kulturi

Во оштините Дебар и Центар Жупа пролетните култури ќе бидат засеани на 300 хектари од кои 60 отсто со житни, пред се пченка.

– Од вкупно планираните површини, 180 ќе бидат засеани со житни култури, од кои 165 со пченка, 10 со пролетен јачмен и пет хектари со овес. Што се однесува до градинарските култури тие ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан. Останатите 75 хектари ќе бидат засеани со фуражни култури, односно 50 со луцерка и 25 други фуражни култури, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанство во Дебар.

Поради снегот и дождовите, посочи тој, сеидбените работи ќе почнат со задоцнување, најверојатно идната недела, доколку дозволат временските услови.

– Очекуваме пролетните сеидбени работи да почнат следната недела. Бидејќи земјоделците располагаат со потребната механизација и семенски материјал, се надеваме дека работите интензивно ќе се одвиваат и сеидбата да заврши во оптималнот рок. Поради климатските промени, по нашите совети земјоделците почнаа да користат нови хибридни сорти семе кои се поотпорни и кои даваат поголеми приноси, нагласи Муладаути.


 

sitel

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close