fbpx
ВестиТоп вести

Во тек е програмата за набавка на трактори

До крај на месец мај, земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори. Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој.
Вкупните прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Но, процентот на ко-финансирање се зголемува на 55% од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост ). 60 отсто кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65% кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање е предвидено за инвестиции во недостапни рурални заедници.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори. Односно од минатогодишните 30 милиони денари, годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.

Барателите кои сакаат да конкурираат за добивање на оваа финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локацијата на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.4.Набавка на трактори.

Сите заинтересирани потребно е да имаат :

минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни или на една земјоделска култура
минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено.

Преку овој повик може да се набават трактори, но, не и приклучна земјоделска механизација. Приклучна механизација во иднина ќе може да се набавува преку ИПАРД програмата на некои од наредните повици.
Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Сите заинтересирани, барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземат, испринтаат и да се потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0419-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 30.05.2019 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close