вестиТоп вести

 Дозвола за увоз на млеко заради недостиг, бараат дел од млекарниците

 

Млекарниците  бараат државата да дозволи увоз на сурово млеко од Турција за да имаат што да преработуваат.  Домашното сточарско производство  е драстично намалено и има недостиг од сурово млеко заради што тие бараат државата да им овозможи да работат и да имаат суровина за преработка. За овие преработки велат дека веќе имаат најдено извозни партнери за Рускиот пазар. Нивното барање е слично со она од пред една година кога државата им обезбеди на прeработувачките капацитети од месната индустрија без царински увоз на месо заради недостигот на суровина која би ја преработиле за потребите на домашниот и извозните пазари.

-Членките на стопанската комора при здружението за земјоделство на последната конференција на која присуствуваше и министерот му го изнесоа барањето за да се дозволи увоза на млеко од Турција, кое би се обработило за извозните пазари, рече Васко Ристовски од Стопанската комора.

Се почести и погласни се ставовите на млекарниците дека се соочуваат со млечна криза и со недостиг од млеко како суровина за преработка, наспроти официјалните податоци од државниот завод за статистика кои не покажуваат никаква недостиг на суровина туку напротив според нивните податоци секоја година има раст на млеко производството кој од 212 илјади тони во 2004 година е дојдено до ниво од 404 илјади тони во 2018 година. Бројот на крави според статистика  е зголемен од 143 илјади грала во 2007 година на 169 илјади грла во 2018 година но е зголемена продукцијата по грло. Можеби пореална слика за состојбата со млеко производството ќе се добие ако се погледнат бројките со кои располага агенцијата за храна и ветеринарство. Тие откако го прочистија списокот сега располагаат со официјална бројка од околу 55 илјади молзни крави од 5 878 одгледувалишта . Според податоците кои ги добиваат од млекарниците за откупено кравјо млеко тоа се движело по 146 илјади тони во 2015, 155 илјади тони во 2016, пад на 120 илјади тони во 2017 и 158 илјади тони во 2018 година.

Откупено кравјо млеко

2015 година 148 609 тони
2016 година 155 868 тони
2017 година 120 613 тони
2018 година 158 903 тони

 

 

Од стопанската комора излегоа со оценка дека субвенциите немаат ефект и побараа уште еднаш од министерството за земјоделство да го укине скалестиот модел на поделба на парите за да може и големите компании кои се главни носители на развојот да имаат исти субвенции како помалите компании како и поддршка за развој на професионално фармерство .

З.Б.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close