вестиТоп вести

ИСПЛАТЕНИ 195 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ПРЕДАДЕНО МЛЕКО И ЗА ОРИЗОВА АРПА

Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и за оризова арпа, информираше на прес конференција раководителот на ПЕ на МЗШВ Битола Менде Илиевски.

 


Во четвртокот и вчера Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и
руралниот развој ги исплати субвенциите за предадено млеко и за оризова арпа
во вредност од вкупно 195 милиони денари.
Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовната субвенција за предадено
кравјо, овчо и козјо млеко на 6.742 сточари и 41,4 милиони денари за
дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1.130
земјоделци.
Во следниот период ќе следува исплатата на дополнителните мерки за
субвенции за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни
насади, за грла добиток, за предадени градинарски култури, за домати, за
откупена пченица, за предадени јаболка и за заклани свињи поради превенција
од болеста африканска свинска чума.
Со средствата кои ги обезбедивме со ребалансот 915 милиони денари ќе бидат
насочени за исплата на интервентните мерки и со тоа стигнуваме до сума од
близу 7 милјарди денари финансиска поддршка за земјоделството кои ќе бидат
исплатени за оваа година.
Исто така, како дополнителна помош за одгледувачите на овци Владата на
последната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за
одгледувачите на овци. Дополнителната субвенција е за предадено јагне во
регистриран кланичен капацитет и е во висина од 400 денари по грло. Оваа
дополнителна субвенција се носи поради проблемите со висината на цената на
јагнето која што ја имаа одгледувачите на овци. За да се намалат загубите на
одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено
јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци
и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани
кланични капацитети во период од 1-ви јануари 2019 година до 30 -ти јуни
2019 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close